Достапни линкови

Русија сака да учествува во американска истрага


Русија е заинтересирана за истрагата за смртта на момчето Макс Шато(Максим Кузмин).

Русија е заинтересирана за истрагата за смртта на момчето Макс Шато(Максим Кузмин).

Руските истражители сакаат да учествуваат во истрагата на нивните американски колеги за смртта на тригодишно момче посвоено од Русија. Рускиот истражен комитет вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за виновниците „да добијат најстрога казна“. Руските власти вчера соопштија дека момчето било убиено од мајката што го посвоила во американската сојузна држава Тексас на 21 јануари. Рускиот детски народен правобранител Павел Астахов изјави дека жената го претепала детето и му давала силни лекови. Американските власти соопштија дека ја истражуваат смртта и ги чекаат резултатите од аутопсијата. Во декември Русија донесе контроверзен закон со кој им се забранува на американските државјани да посвојуваат руски деца.
XS
SM
MD
LG