Достапни линкови

Мишо Ковач и Томпсон - сведоци на судењето на Санадер


Марко Перковиќ - Томпсон.

Марко Перковиќ - Томпсон.

Естрадните ѕвезди Мишо Ковач и Марко Перковиќ - Томпсон на 18 март ќе сведочат на судењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер во случајот „Фими медиа“, потврди Жупанискиот суд во Загреб. Во судскиот процес против Санадер и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ќе се појават и други естрадни ѕвезди, поранешни министри и менаџери. Обвинителството тврди дека Ковач и Томпсон добивале пари од партискиот црн фонд. На Ковач му се плаќало за да пее на партиските предизборни собири, а на Томпсон наводно му биле давани пари да не пее за хрватската десница, бидејќи ХДЗ стравувала дека овие партии ќе им ги преземат гласачите. Претходно за финансирањето од „црните фондови“ на ХДЗ сведочеше и пејачката Нина Бадриќ.
XS
SM
MD
LG