Достапни линкови

Затворен руски опозиционер сместен во самица


Рускиот опозициски активист Леонид Развожајев.

Рускиот опозициски активист Леонид Развожајев.

Затворениот руски опозициски активист Леонид Развожајев е сместен на пет дена во самица поради кршење на затворските прописи, информира Федералната служба за казнено-поправни институции во Иркутск, но не се соопштуваат детали. Неговите адвокати изјавија дека ќе поднесат жалба против управата на затворот. Развожајев беше уапсен во октомври поради неговата улога во организирањето недозволени насилни протести во мај минатата година во Москва. Тој е обвинет и за вооружен грабеж во Сибир пред 15 години. Развожајев тврди дека властите го киднапирале од Украина, го донеле во Русија и го мачеле за да признае.
XS
SM
MD
LG