Достапни линкови

Филмски грабеж на дијаманти на бриселскиот аеродром


Илустрација.

Илустрација.

Вооружени крадци украдоа дијаманти во вредност од околу 50 милиони долари во драматичен грабеж на бриселскиот аеродром. Портпаролот на аеродромот изјави дека крадците синоќа направиле дупка во безбедносната ограда и со две возила дошле до авион што требало да полета за Швајцарија. Бриселското обвинителство информира дека вооружените и маскирани крадци денеска ги украле дијамантите од делот за багаж на авионот и побегнале со возилата. Грабежот траел само неколку минути, не бил истрелан ни еден куршум и нема повредени. Полицијата подоцна најде едно од возилата запалено во близина на аеродромот. Портпаролката на Светскиот дијамантски центар од Антверпен за АФП изјави дека ова е „еден од најголемите грабежи на сите времиња“.
XS
SM
MD
LG