Достапни линкови

logo-print

Собранието ќе расправа за отпис на каматите


Владината мерка за отпис на долговите по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување заради поддршка на ликвидноста во стопанството и надминување на последиците од светската економска криза е денеска на дневен ред во Собранието на Македонија. Целта на оваа мерка е да им се излезе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување. Се проценува дека вредноста на каматите само кај долгот врз основа на пензиското осигурување изнесува 40 проценти од долгот.
XS
SM
MD
LG