Достапни линкови

Саркисијан повторно претседател на Ерменија


Серж Саркисијан

Серж Саркисијан

Серж Саркисијан повторно е избран за претседател на Ерменија, соопшти Централната изборна комисија по пребројувањето на сите гласови од вчерашните избори. Тој освоил над 58 насто од гласовите. Второпласиран, со над 36 проценти освоени гласови, е Рафи Хованесијан, кој беше прв шеф на ерменската дипломатија по советската ера. Тој ги отфрли овие прелиминарни резултати и ги обвини властите за фалсифакт во обезбедувањето уште еден пет годишен мандат на неговиот ривал Саркисијан. Меѓународните посматрачи од ОБСЕ, Советот на Европа и Европарламентот оценија дека изборниот процес бил подобар од претходниот, но оти се уште не ги исполнувал сите демократски стандарди. Одѕивот на изборите бил околу 60 насто од 2 ипол милиони ерменци со право на глас.
XS
SM
MD
LG