Достапни линкови

Црвенковски - Ако се реши името, нема да бараме парламентарни избори


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Не е издржан аргументот дека не треба да има парламентарни избори во 2013 за да се даде шанса на процесот на решние на спорот за името и дека ако има избори тоа ќе се поремети, рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во интервју за интернет-порталот Нова ТВ. Тој рече дека власта го одбила предлогот на СДСМ, ако се реши името, да нема предвремени избори.

„Ако навистина се деблокираат евроатлантските интеграции и ако Македонија навистина стане членка на НАТО и ги почнеме преговорите со Европската унија, тогаш ние се откажуваме од предвремените парламентарни избори“, рече Црвенковски.

Во однос на кандидирањето на Стевчо Јакимовски за градоначалник на Карпош, тој рече дека од таа одлука ќе се срами и Јакимовски и неговото семејство.

Црвенковски рече дека во изминатиов период од страна на власта биле одбиени сите нивни предлози за надминување на политичката криза.
XS
SM
MD
LG