Достапни линкови

logo-print

По протестите, Бугарија ги чешла електродистрибутивните компании


Илустрација.

Илустрација.

Бугарските власти покренаа контрола во тамошната електродистрибутивна компанија, која е во сопственост на чешкиот ЧЕЗ. Доколку бидат пронајдени неправилности во работата на компанијата, можно е да и биде одземена лиценцата на ЧЕЗ, јавуваат бугарските медиуми. ЧЕЗ негира дека имало неправилности во работата и ја критикува политизацијата на целиот проблем.

Чешката компанија во јануари ја загуби лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Албанија.

Слични контроли се спроведуваат и во дистрибутивното претпријатие во сопственост на чешката фирма Енерго-Про и во австриската ЕВН. Сите три дистрибутери се на удар на критикита поради високите јануарски сметки за струја, против кои илјадници Бугари протестираа изминатите денови.

Министерот за правда и енергетика Дељан Добрев ја исклучи можноста Владата да ги национализира дистрибутивните претпријатија, што е едно од барањата на демонстрантите.

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков денеска поднесе оставка од функцијата, по масовните демонстрации против политиката на владата и високите сметки за струја.
XS
SM
MD
LG