Достапни линкови

Дачиќ и Тачи утре на нова рудна разговори во Брисел


Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел.

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел.

Петата рунда од политичкиот дијалог под патронат на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон почнува утре во Брисел, а главна тема ќе бидат институциите на северот на Косово и статусот на офицерите за врска во Белград и Приштина. Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, ќе се состанат утре околу пладне, прво одвоено со Ештон, а потоа на заеднички ручек, по што дијалогот и формално ќе почне, објави Танјуг повикувајќи се на извори од Европската комисија.
XS
SM
MD
LG