Достапни линкови

Трпчевски, Ана Дурловски и Нацоски во трка за „Виртуози 2013“


Со цел да се истакнат високите дострели на музичките и балетските уметници и да се поттикнат организациите и творците на поголеми предизвици и реализација на покреативни проекти, на 2 март годинава, ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Виртуози 2013“. Нововостановената награда овојпат ќе се додели во 10 категории, а иницијативата на СОКОМ, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Оперската певица Ана Дурловски, пијанистот Симон Трпчески и тенорот Благој Нацоски се номинираните во категоријата „меѓународна афирмација“, една од десетте на првата додела на наградата „Виртуози 2013“. За најдобра национална институција во конкуренција се влезени Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и фестивалот „Охридско лето“, а за најдобар „музичко-сценски уметник“ ќе се бира помеѓу Весна Ѓиновска – Илкова, балерината Александра Мијалкова и Дурловски.
Ова е еден официјален начин да им оддадеме признание на тие уметници, но исто така да ги поттикнеме сите други на квалитетни и креативни проекти се со надеж дека и тие ќе посакаат да се закитат со една ваква награда и на тој начин да стигнат до повисоки национални и државни награди кои што ги има во државата во моментов.

Во категоријата „голем ансамбл“ сосема разбирливо се најдоа Македонската филхармонија, МОБ и Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, а од камерните ансамбли посебно е издвоена активноста на „Дуо Кировски“, „Трио Интерарт“ и „Мјузик прогресив квартет“. За најдобар „музички уметник“ ќе се одлучува помеѓу пијанистките Марија Вршкова и Ана Гацева и виолинистот Љубиша Кировски, во конкуренција за „композитор“ номинирани се Дарија Андовска, Фатос Лумани и Александар Пејовски, а за „најдобар млад уметник“ ќе се бира помеѓу пијанистот Дино Имери, виолинистката Софија Никоска и хармоникашот Александар Коловски.
Ана Дурловски, oперската певица.

Ана Дурловски, oперската певица.


Конечно кандидати за наградата „музичка манифестација“ се Денови на македонската музика, Охридско лето и Скопско лето, а од публицистите нотирана е активноста на Аида Ислам, Васка Наумова Томовска и Марко Коловски.
Сони Петровски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, вели дека целта на
Како програмски одбор не сме поставиле некакви жанровски ограничувања бидејќи и самата граница помеѓу класичната музика и некои други жанрови е сосема тенка. Овие се номинациите кои што произлегоа од самите институции.

„Виртуози“, наградата која е планирано да се доделува секоја година, е да се истакнат големите достигнувања на музичките и балетските уметници и наедно да се поттикнат организациите и творците на поголеми предизвици и реализација на покреативни проекти.

„Ова е еден официјален начин да им оддадеме признание на тие уметници, но исто така да ги поттикнеме сите други на квалитетни и креативни проекти се со надеж дека и тие ќе посакаат да се закитат со една ваква награда и на тој начин да стигнат до повисоки национални и државни награди кои што ги има во државата во моментов.“
Благој Нацоски, оперски пејач.

Благој Нацоски, оперски пејач.


Тој дополнува дека доделувањето на наградата ќе се заснова врз принципите на креативност, оригиналност и исклучителност, и таа ќе претставува највисоко признание за актуелната класична продукција и репродукција во нашава земја. Инаку, на прашањето дали во иднина во конкуренција за „Виртуози“ ќе бидат земени и творците од областа на етно музиката и посебно џезот, Петровски со објаснение дека тие како организациски одбор не поставиле жанровски ограничувања и дека сè зависи од пристигнатите предлози.

„Како програмски одбор не сме поставиле некакви жанровски ограничувања бидејќи и самата граница помеѓу класичната музика и некои други жанрови е сосема тенка. Овие се номинациите кои што произлегоа од самите институции. Меѓу нив има и еден камерен ансамбл кој не интерпретира чисто класична музика, туку е токму во тој правец – во џез, етно-џез...Тоа се „Мјузик прогресив квартет“, што значи дека сме отворени за предлози кои не се строго во рамките на класичната музика. Ако во иднина такви ги има ќе ги прифатиме со задоволство.“

Првата свечената додела на наградата „Виртуози“ ќе се одржи на 2 март на сцената на МОБ, а автор на идејното решение за статуетката е уметницата Виолета Коцев. Нејзиното решение е инспирирано од прекршувањето на светлината, во случајов преку петолинието претставено како прекршување на звукот. Всушност, брановидноста на прекршените „зраци“ ја претставува виртуозноста и совршенството на движењата на звукот и на телото.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG