Достапни линкови

Дримколскиот регион оставен без полиција


Илустрација.

Илустрација.

Жителите на селата од дримколскиот регион во Струга бараат од полицијата да ја врати во функција некогашната полициската станица кај селото Луково која значела гаранција за нивната безбедност.

Неколку илјади жители на селата во дримколскиот регион во близината на Струга бараат од полицијата да ја врати во функција некогашната полициската станица кај селото Луково која значела гаранција за нивната безбедност. Велат дека на тој потег се до дебарско Џепчиште неколку години не функционирала ниту една полициска станица и оти полициската станица која била пренаменета во полициска канцеларија не им била од голема полза затоа што таму дежурал само по еден полицаец на смена. Дополнителен проблем е, велат, што станува збор за пограничен регион со Албанија.
Овде како погранично место треба да има полициска станица и засилено присуство на полиција, а не еден или двајца. Бараме како порано и сега да има, но од тоа нема ништо. Од сите страни овде како погранично место можат да влезе од сите страни кој сака.

„Овде како погранично место треба да има полициска станица и засилено присуство на полиција, а не еден или двајца. Бараме како порано и сега да има, но од тоа нема ништо. Од сите страни овде како погранично место можат да влезе од сите страни кој сака“, вели еден жител.

Овие луѓе бараат државата да обрне поголемо внимание на овој дел на Македонија, кој важи за еден од најубавите, но регион кој се соочува со процес на масовно иселување на населението во градските средини.
Илустрација.

Илустрација.


„Не можам да бидам свесен зошто Владата на Македонија го остави овој простор на милост и немилост, што би рекле старите село гори баба се чешла. Се повлече полицијата од Долни Дримкол и Луково која го покриваше целиот регион. Порано овде имаше околу 40 полицајци, денес нема ништо. Во време на поранешна Југославија на овој простор на падините на Јабланица беа караулите на југословенската армија
Оценето е дека и во овој момент полициската канцеларија во Луково одлично функционира. Обезбедена е со соодветен број на полициски службеници кои ја извршуваат својат активност на превентивен план. Во однос на реализација на одредени казнени дела од важност е помошта која што ја добуваат од полициската станица во Струга и од СВР Охрид.
го заштитуваа целиот овој простор. Денес нема ниту караули, ниту војски, ниту полиција да не заштити“, вели друг жител.

Портаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, кој е одговорен за овој регион, рече дека согласно новата системациска и организациска поставеност на МВР, поранешната полициска станица во селото Луково сега функционира како полицска канцеларија и оти тоа било така согласно безбедносните проценки кои биле направени во однос на севкупната прoблематика од страна на министерството и криминалитетот на тоа подрачје.

„Оценето е дека и во овој момент полициската канцеларија во Луково одлично функционира. Обезбедена е со соодветен број на полициски службеници кои ја извршуваат својат активност на превентивен план. Во однос на реализација на одредени казнени дела од важност е помошта која што ја добуваат од полициската станица во Струга и од СВР Охрид.

Димовски рече дека се задоволни од соработката со месното население во однос на расветлување кривични дела кои се однесуваат во однос на кражбите на икони од цркви на тоа подрачје кои во изминативе две години беа зачестени.
XS
SM
MD
LG