Достапни линкови

Дел Понте - Истрага за воени злосторства во Сирија


Карла Дел Понте, членка на Комисијата на ОН за истрага на сиријскиот конфликт.

Карла Дел Понте, членка на Комисијата на ОН за истрага на сиријскиот конфликт.

Инспекторот на ОН Карла дел Понте изјави дека е време Меѓународниот кривичен суд да отвори истрага за воени злосторства во Сирија. Дел Понте е поранешна обвинителка на Хашкиот суд и членка на Комисијата на ОН за истрага на сиријскиот конфликт. Таа ова го изјави откако Комисијата го објави извештајот за состојбата во Сирија по речиси двегодишниот конфликт. Во извештајот се наведува дека и владините сили и бунтовниците извршиле воени злосторства, меѓу кои и убиства и мачење. Наредниот месец, комисијата треба да поднесе доверлива листа со осомничени до Канцеларијата за човекови права на ОН.
XS
SM
MD
LG