Достапни линкови

Бугарскиот министер за финансии поднесе оставка


Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков.

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков.

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков денеска поднесе оставка од функцијата, по масовните демонстрации против политиката на владата. Десетици илјади Бугари вчера протестираа поради високите цени на електричната енергија и ниските примања, обвинувајќи ја владата за несоодветни мерки со кои го намалува стандардот на граѓаните во најсиромашната членка на ЕУ. На негово место ќе биде назначен Томислав Дончев, кој во моментот е министер одговорен за фондови од ЕУ. Од 2009 година кога ја презема функцијата премиер, Бојко Борисов го „напуштија“ девет министри и многу заменици министри, но ова е првпат „жртва“ да биде вицепремиер, јавуваат бугарски медиуми.
XS
SM
MD
LG