Достапни линкови

СДСМ најавува нов вид на отпор


Нови методи на дејствување поразлични од досегашните, најавува потпретседателот на СДСМ Зоран Заев. Очекувам трезвеност од страна на власта, а ја знам подготвеноста и за отрезнување од страна на мојата партија и на целата опозиција, додава Заев.

Рокот за поднесување на кандидатурите за претстојните локални избори заврши во саботата на полноќ по што е јасно дека тие ќе се одржат без учество на опозицијата од македонскиот блок.
Новите методи ќе бидат поинакви од досегашните мeтоди кои ги применувавме, поради тоа што со денот на поднесување на листите поминавме во еден друг период кадешто од нас како опозиција се очекува други начини на изразување револт и отпор.
Зоран Заев, потпретседател на СДСМ.

Наредните 35 дена ќе бидат најсрамните денови за државата, порачуваат и денеска од СДСМ останувајќи, како што велат, отворени за дијалог. За начинот на кој ќе ги испраќаат своите пораки во наредниот период ќе одлучуваат на денешниот состанок во партијата кога и ќе изградат, како што велат, нова методологија и начини на изразување на отпорот и незадоволството.

„Новите методи ќе бидат поинакви од досегашните мeтоди кои ги применувавме, поради тоа што со денот на поднесување на листите поминавме во еден друг период кадешто од нас како опозиција се очекува други начини на изразување револт и отпор“, изјави Зоран Заев, потпретседател на СДСМ.
Ние како опозиција имаме намера да останеме да живееме во оваа земја и не само тоа, туку да ја јакнеме нашата политичка позиција пред граѓаните користејќи ги сите демократски методи.
Зоран Заев, потпретседател на СДСМ.

Очекувам трезвеност од страна на власта, а ја знам подготвеноста и за отрезнување од страна на мојата партија и на целата опозиција.

„Доколку не постојат веќе никави можности за разговор и слично, апсолутно ние како опозиција имаме намера да останеме да живееме во оваа земја и не само тоа, туку да ја јакнеме нашата политичка позиција пред граѓаните, се разбира користејќи ги сите демократски методи коишто ни стојат на располаѓање“, додава Заев.

Откако власта не прифати ниту еден од условите на опозицијата за надминување на политичката криза која ескалираше со настаните во парламентот на 24 декември, опозицијата остана на својата одлука да ги бојкотира изборите. Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски најави и враќање на мандатите на пратениците во Собранието.

Кандидатури за изборите поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од коалицијата „За подобра Македонија“, ДУИ, ДПА, НДП. На изборите ќе учествуваат и 29 независни кандидати, а потписи се собрани и за 95 независни советнички листи.

ДИК треба во текот на денов да ги објави податоците за поднесените кандидатури. Комисијата за верификација на факти пак има 48 часа за да провери дали некој од кандидатите бил соработник на тајните служби. Изборната кампања започнува на 4 март, а завршува на 22 март.
XS
SM
MD
LG