Достапни линкови

Тројца кандидати и само ВМРО ДПМНЕ со листа за Струмица


Зоран Заев - актуелен градоначалник на Струмица

Зоран Заев - актуелен градоначалник на Струмица

Општинската изборна комисија во Струмица ги верификува кандидатурите за градоначалник на претстојните локални избори поднесени од политички партии, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Васил Крстев.
Кандидати за градоначалници за локалните избори се Васил Пишев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, потоа Ристо Божијанов, предложен од Социјал демократската партија и Панчо Јанков кандидат од Социјалдемократската унија.
До Општинската изборна комисија во Струмица е доставена само кандидатската листа за советници од ВМРО-ДПМНЕ, чиј што носител е др.Кирил Николов.
Како што е познато, актуелниот градоначалник Зоран Заев не се кандидира затоа што најголемата опозициона партија СДСМ ги бојкотира изборите.
XS
SM
MD
LG