Достапни линкови

Кипар: Анастасиадис и Малас во вториот круг избори


Cyprus - Antic city Salamis

Cyprus - Antic city Salamis

Кипарскиот конзервативен лидер Никос Анастасиадис и кандидатот на левите сили Ставрос Малас ќе се борат во вториот круг од претседателските избори на Кипар на 24 февруари.
Анастасиадис во првиот круг освои освои 45 проценти од гласовите, додека Малас доби 27 проценти.
Кипарските гласачи треба да изберат претседател кој ќе има одговорност да преговара за добивање финансиска помош од тројката меѓународни кредитори ЕУ, ЕЦБ и ММФ за спас на земјата од банкрот и нова должничка криза во еврозоната.
Претседателот на Кипар и лидерот на АКЕЛ Димитрис Христофиас не се кандидираше на овие избори.
Кипар во јуни 2012 година почна преговори со Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка за добивање финансиска помош, која според првичните оценки изнесува околу 17 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG