Достапни линкови

МИА одбележува 21 години од основањето


Скопје

Скопје

Македонската информативна агенција денеска одбележува 21 години од основањето односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.
МИА сепак како јавен сервис се активира во 1998 кога на 30 септември почна и редовната продукција на вести. Во почетокот тоа беа вести и извештаи на македонски и англиски јазик. Во мај 1999 година во МИА е формирана Албанска редакција и од тогаш Агенцијата има редовни сервиси на албански јазик.
МИА е членка и на Светскиот конгрес на новински агенции - НАЊЦ, на АБНА - Асоцијацијата на балкански новински агенции и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – БСАННА.
Македонската информативна агенција соработува и со големите новински агенции - руската ИТАТ-ТАСС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, катарската КНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА..
XS
SM
MD
LG