Достапни линкови

Наместо пари, кавги за Копанки


Копанки, еден од најпосетуваните планинарски домови на Пелистер кој изгоре на 28 јануари.

Копанки, еден од најпосетуваните планинарски домови на Пелистер кој изгоре на 28 јануари.

Откако изгоре планинарскиот дом „Копанки“, битолскиот градоначалник вети дека општината ќе помогне финансиски во обновувањето на објектот. Но, неколку дена подоцна советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери не го прифатија предлогот од општинскиот буџет да се издвојат пари за планинарскиот дом.

Откако изгоре планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, битолскиот градоначалник Владимир Талески кој е од редовите на владеачката партија вети дека општината ќе помогне финансиски во обновувањето на објектот. Но, неколку дена подоцна советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери не го прифатија предлогот на советниците од опозицијата од општинскиот буџет да се издвојат 1 милион денари помош за планинарскиот дом.
Претседателката не опомена дека една од антикорупциските мерки е да не донесува одлуки советот за оваа категоризација. Но, неодамна советот на општина Прилеп донесе одлука за изздвојување на 1 милион денари за изгорените конаци на манастирот Трескаве


„Парите да се обезбедат од буџетот на општина Битола за 2013 година, а парите во целост и еднократно да се пренесат на сметката на планинарското здружение „Пелистер“. Претседателката не опомена дека една од антикорупциските мерки е да не донесува одлуки советот за оваа категоризација. Но, неодамна советот на општина Прилеп донесе одлука за изздвојување на 1 милион денари за изгорените конаци на манастирот Трескавец“, изјави советникот на СДСМ, Томе Наумов.

Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот Совет е и Диме Попов, претседател на планинарското друштво „Пелистер“ кое управува со домот и го издава под концесија. Тој вели дека рано е да се издвојуваат средства.

Ако сега ги изгласаме, понатаму може да се дистанцира општината, ќе треба да даде 5 или 6 милиони евра, па да рече еднаш веќе ви дадовме пари.

„Со новиот закон за изградба во национален парк треба огромна документација. Без неа ние не можеме да започнеме никакви активности. Не сум сигурен за што би ги употребиле овие средства. Ако сега ги изгласаме, понатаму може да се дистанцира општината, ќе треба да даде 5 или 6 милиони евра, па да рече еднаш веќе ви дадовме пари“, вели Попов.

Битолскиот градоначалник Талески вакавата постапка ја оправува со тоа дека домот бил дивоградба, па ќе помогнат откако ќе се легализира.

„Не може општината да инвестира во нешто што е незаконски изградено. Треба да се направи проект кој ќе предвиди како ќе изгледа новиот објект, ќе ги знаеме финансиите кои ќе треба да се вложат. Треба да изнајдеме законски начин за финансирање. Еден милион денари не ја вршат работата на Копнаки“, вели Талески.

Копанки еден од најпосетените планинарски домови на Пелистер изгоре на 28 јануари.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG