Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Предавнички чин од Јакимовски со позајмен печат


Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Кукавички и предавнички чин е кандидирањето на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош, реагира СДСМ. Тие соопштуваат дека неговата кандидатура е спротивна на одлуките на партиите од „Сојузот за иднината“ и дека од денеска Јакимовски повеќе не е член на СДСМ.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски. Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на „фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ. За жал, од вчера во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник“, реагира СДСМ во соопштение до јавноста.

Дојче веле, пак, објави дека од СДСМ велат дека претседателот на Српската напредна странка во Македонија Драгиша Милетиќ синоќа му се јавил на највисокото партиско раководство и им потврдил дека и натаму останува во опозицискиот блок и дека ја потврдува оставката на пратеничкиот мандат депонирана во СДСМ. Тој објаснил дека бил замолен од Стевчо Јакимовски само да му го даде партискиот печат на СНСМ, во име на претходна соработка и пријателска услуга.

„За тврдењето дека Српска напредна странка на Македонија само му го изнајмила печатотот на Јакимовски сведочи и факот што на листа на Јакимовски нема ниеден Србин, а има Албанци“, велат од СДСМ за Дојче веле.
XS
SM
MD
LG