Достапни линкови

Шефот на српската дипломатија утре во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ.

На покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во еднодневна официјална посета ќе престојува министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ. Се очекува македонскиот и српскиот шеф на дипломатијата на средбата да разговараат за билатерални односи, со акцент на можностите за продлабочување на соработката во доменот на економијата, енергетиката и транспортот, објави МИА. За време на престојот, српскиот министер Мркиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG