Достапни линкови

Истече рокот за пријавување кандидатури за локалните избори


Синоќа на полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори. Државната изборна комисија најави дека утре ќе соопшти официјално кој доставил кандидатури за изборите закажани за 24 март. Во меѓувреме, Комисијата за лустрација треба да провери дали кандидатите биле соработници на тајните служби.

Кандидатури за изборите поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од коалицијата „За подобра Македонија, ДУИ, ДПА, НДП... На локалните избори ќе учествуваат и 29 независни кандидати, а потписи беа собрани и за 95 независни советнички листи.

Опозицискиот СДСМ и неколку други партии од коалицијата „Сојуз за иднината“ најавија бојкот на изборите. Сепак, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски не ја испочитува одлуката на неговата партија СДСМ и поднесе кандидатура за нов градоначалнички мандат. Јакимовски ја поднел кандидатурата преку Српската напредна странка во Македонија на Драгиша Милетиќ, која е дел од опозицискиот „Сојуз за иднината“.
XS
SM
MD
LG