Достапни линкови

logo-print

Јакимовски потврди дека се кандидирал за градоначалник на Карпош


Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски потврди дека поднел кандидатура за нов градоначалнички мандат. Со тоа, Јакимовски не ја испочитува одлуката на неговата партија СДСМ за бојкот на локалните избори. Дел од македонските медиуми објавија дека Јакимовски ја поднел кандидатурата на неколку минути пред истекот на рокот преку Српската напредна странка во Македонија на Драгиша Милетиќ, која е дел од опозицискиот „Сојуз за иднината“.

Во соопштението до јавноста, Јакимовски вели дека неговите побуди за ваков чекор се крајно чесни и добронамерни и пред сè насочени кон иднината и доброто на граѓаните на Карпош.

„Мене, како профил на личност и како политичар, сметам дека не ме личи дефанзивно да ја предадам борбата за општината уште во самиот старт, уште пред почетокот на овие или било кои локални избори“, вели Јакимовски во соопштението до јавноста и додава дека решил да оди во фронтален дуел со кандидатот на владејачката партија Јагнула Куновска.
XS
SM
MD
LG