Достапни линкови

Утврдени 9 кандидати на ВМРО ДПМНЕ за локалните избори


ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата на 9 кандидати за градоначалници за престојните локални избори.
За Велес е кандидиран Славчо Чадиев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Велес, за Штип Илчо Захариев, директор на Биро за лекови, за Кавадарци Александар Панов, досегашен градоначалник, а за Свети Николе Зоран Тасев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Свети Николе.
Кандидат за градоначалник на ВМРО - ДПМНЕ за Струга е Владо Кочовски, специјалист хирург, за Делчево Дарко Шехтански, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Делчево. додека за Чешиново-Облешево е Костадин Личков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Чешиново-Облешево.
Анастасија Олумчева од партијата Демократски Сојуз е кандидат за градоначалник за Богданци, а за Старо Нагоричане е Милован Стојковски од Демократска Партија на Србите во Македонија.
XS
SM
MD
LG