Достапни линкови

Борците од НОБ на Февруарски поход на скопскиот плоштад(ВИДЕО)


На никого да не му паѓа на ум да ги става под сомнение придобивките на НОБ, порачаа борците, зашто, како што рече Трајко Стаматовски од Сојузот на борци, тоа значи корнење на корените на Македонија.

Борците од НОБ денеска протестираа на плоштадот Македонија како потсетување на Февруарскиот поход од 1944 година, но и против игнорантскиот однос на власта кон нив и одземањето на просториите на Сојузот на борците. На протестот присуствуваше и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, како и други членови од неговата партија и лидерите на другите опозициски партии.

Борците и луѓето поддржувачи на антифашистичката борба носеа транспаренти „Борци 1941-1945 во планините, Борците 2013 на улица“, „Почит кон НОБ и борците“, „НОБ најсветол македонски период“, „Вечни се придобовките од НОБ“ и извикуваа „Смрт на фашизмот, слобода на народот“. На никого да не му паѓа на ум да ги става под сомнение придобивките на НОБ, порачаа борците, зашто, како што рече Трајко Стаматовски од Сојузот на борци, тоа значи корнење на корените на Македонија.

Пред насобраните се обрати генерал Тодор Атанасовски, учесник во Февруарскиот поход, кој порача дека НОБ е придобивка на сите граѓани без разлика на верската и национална припадност.

Град Скопје вчера го одби барањето од Сојузот на борците на Македонија за користење на плоштадот Македонија, со цел одбележување на 69-годишнината од Февруарскиот поход со образложение дека на плоштадот имало други планирани активности во истиот термин. Борците, и покрај тоа излегоа на планираниот собир.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев одговарајќи на новинарско прашање денеска рече дека исклучително се почитуваат придобивките и учесниците од НОБ. Тој рече дека владата нема никакво учество, ниту допирна точка со судскиот спор што Сојузот на борците го води или е во процедура со друго здружение на ветерани.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG