Достапни линкови

Ѓорѓиев-испразнетите министерски места ќе се пополнат


Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Потпаролот на владата Александар Ѓорѓиев најави денеска дека во текот на наредната недела на собраниска седница премиерот Никола Груевски ќе достави предлог за пополнување на позициите на заменик претседателот на владата Теута Арифи, задолжена за европски прашања и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, кои си поднесоа оставки на нивните функции.
Ѓорѓиев изјави и дека владата им се заблагодарила на Арифи и Бејта за нивниот досегашен придонес за нивната посветеност во реализацијата на владината програма и во спроведувањето на мерките и политиките на Владата.
XS
SM
MD
LG