Достапни линкови

logo-print

Бугарскиот премиер ќе ја посети Македонија


Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов доцна попладне доаѓа во Македонија на неформална средба со премиерот Никола Груевски.

Борисов во изјава за бугарските медиуми изјавил дека нема ништо тајно во посетата на Македонија, потсетувајќи оти пред неколку дена спомнал дека телефонски разговарал со Груевски и дека наскоро ќе се сретнат.

„Нема ништо тајно, едноставно доаѓам да се видиме и да поразговараме, без почести и помпезности. Да седнеме како пријатели и да поразговараме. Мислaм дека тоа е добар, а не лош гест“, изјавил Борисов.

Една од главните теми на средбата на двајцата премиери се очекува да бидат и македонско-бугарските разговори за склучување спогодба за пријателство и добрососедство.

Бугарскиот премиер ќе дојде во Македонија во придружба на министерот за надворешни работи Николај Младенов.
XS
SM
MD
LG