Достапни линкови

Земјотрес на Филипини


Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Миндана . Се уште нема информации за претрпена штета и евентуални жртви . Американскиот геодетски институт соопшти дека нема ризик за цунами во регионот. Филипини се наоѓа во таканаречениот пацифички огнен прстен, односно појас во кој има голем број на активни вулкани.
Минатата година источниот брг на Филипини беше погоден од земјотрес со интезитет од 7,6, степени по рихтеровата скала при што беше издадено и предупредување за цунами. Стотици луѓе ги напуштија своите домови а едно лице загина при одронот.
XS
SM
MD
LG