Достапни линкови

Метеор направи штета од 13 милиони долари во Русија


Оштетени згради од метеорот во Русија

Оштетени згради од метеорот во Русија

Експлозија на метеор во централниот дел на Русија во регионот кај Урал предизвика штета од најмалку 13 милиони долари. Но, шефот на министерството за итни случаеви Владимир Пушков изјави дека најверојатно штетата ќе биде поголема.
Метеорот се појави вчера наутро на небото над Шелјабинск и предизвика дожд од огнени топки и ги оштети зградите во реонот. Околу 1.200 лица се повредени, најмногу од исекотини од стакло. Метеорот остави бела трага која се протега на околу 200 километри.
XS
SM
MD
LG