Достапни линкови

Штефан Филе со реакција за случувањата во Македонија


"Комесарот е фрустриран од недостатокот на напредок во ставањето крај на политичкиот застој во БЈР Македонија. Императив на политичките лидери во Скопје треба да биде превземање на одговорност и наогање на решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции со ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место, ја пренесе изјавата на Еврокомесарот Штефан Филе портпаролот на Комисија Петер Стано.
Според Стано, еврокомесарот кој во рамки на Четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво сакал да го посети Скопје следната недела, оценува дека би било несоодветно во ваква ситуација да дискутира за темите во рамки на Пристапниот дијалог меѓу Македонија и Европската Унија.
Иако претходните рунди на Пристапниот дијалог и заклучоците од декемврискиот Самит креираа можност за отворање на пристапните преговори со Македонија, сегашна ситуација за жал ја става оваа можност во голем ризик! - изјави портпаролот Стано, пренесоа медиумите во Македонија.
XS
SM
MD
LG