Достапни линкови

Владини „летачки“ промени за изборни цели


Претседателот на Владата Никола Груевски на Собранието денеска му предложи нов министер за одбрана да биде Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ, со евроинтеграциите да раководи Фатмир Бесими, актуелен министер за одбрана, а нов министер за локална самоуправа да биде Тахир Хани, сега заменик-министер за транспорт и врски.
До Собранието, исто така, претседателот на Владата ги достави и оставките на министрите Бесими, Арифи, која беше задолжена за евроинтеграциите, на Невзат Бејта, кој поднесе оставка од функцијата министер за локална самоуправа, како и на замениците - министри за внатрешни работи и за транспорт и врски Џељаљ Бајрами и Тахир Хани.
Според предлогот доставен до Собранието,Бајрами ќе биде именуван за заменик-министер за транспорт и врски, Земри Ќамили за заменик-министер за внатрешни работи и Ардиан Џеладини, за нов заменик-министер за финансии.
Изборот на новите министри треба да се случи на седницата на Собранието, закажана за в понеделник.
Теута Арифи и Невзат Бејта денеска на прес-конференции ги образложија своите оставки кои се дадени поради нивното учество на претстојните локални избори како кандидати на ДУИ за градоначалници на општините Тетово и Гостивар
XS
SM
MD
LG