Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: Нашиот предлог е конструктивен


Никола Груевски

Никола Груевски

Одбивањето на нашиот коректен предлог за продолжување на рокот за поднесување на советничките и градоначалничките листи, заедно со одбивањето на пакетот мерки, објавени од страна на претседателот Никола Груевски на 12 февруари претставува јасен сигнал дека СДСМ и Бранко Црвенковски се решени да продолжат со своите деструктивни политики, со предизвикување хаос и проблеми за Република Македонија.
Ова се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ притоа изразува сериозна загриженост за постапките кои СДСМ ги влече во последниот период.
Разочарани сме од фактот што СДСМ најавува дека нема да учествува на претстојните локални избори. За нас тоа ќе беше најдобар начин како партиите да ги соочат своите концепти.
Со денешните постапки, како што се наведува, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски само докажа дека нема капацитет да се носи со одговорностите и дека лесно носи одлуки на штета на Република Македонија, а единствено со цел да си ја спаси својата политичка кариера. Црвенковски, се додава во текстот, ќе биде тој кој врз себе ќе ги носи последиците на своите катастрофални одлуки.
ВМРО-ДПМНЕ нема намера да му дава алиби на Црвенковски пред неговото членство, кое се повеќе не му верува, пред граѓаните, кои видоа дека е главен иницијатор на сите деструктивни сценарија и пред меѓународната заедница, на која лесно и ги отфрли и одби сите апели за враќање на СДСМ во институциите и политичките процеси, се посочува во соопштението од владејачката партија.
XS
SM
MD
LG