Достапни линкови

logo-print

Речиси илјада повредени од „метеорот“ во Русија


Местото каде паднал метеорот

Местото каде паднал метеорот

Новинските агенции, повикувајки се на изјави на руските преставници соопштија дека повеќе од 950 луѓе побарале медицинска помош откако метеор експлодира на небото, предизвикувајќи голем ударен бран од кој беа искршени многу прозорци. Аматерски видеа покажуваат како метеорот минал низ долниот слој на атмосферата во источниот руски град Челјабинск. Дел од метеоритите паднале во слабо населена област на Урал.
Инаку астероид со големина на половина фудбалско игралиште ќе и се приближи на Земјата денеска во попладневните часови, што според научниците, е најблиско надлетување на земјата од објект од ваков тип. Од НАСА соопштија дека астероидот ќе се приближи на 27 илјади километри од земјата и ќе се движи со брзина од 13 километри во секунда. Сепак, тие додаваат и дека неговото надлетување нема да има никакви последици. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 20:24 часот по средноевропско време поминувајќи над Индискиот Океан, а најдобро ќе се гледа од Источна Европа, Австралија и Азија.
XS
SM
MD
LG