Достапни линкови

Протести на сунитите во повеќе ирачки градови


Ирак - 15 февруари

Ирак - 15 февруари

Илјадници луѓе протестираат во областите на Ирак каде сунитите се мнозинство против владата предводена од шиитите. Во западните градови Фалуџа и Бакуба, демонстрантите го блокираа главниот автопат кон Јордан и Сирија.
Протести имаше и во Самара, Мосул и Киркук, како и во неколку населби на Багдад.
Демонстрантите велат дека владата на шиитскиот премиер Нури ал-Малики го прогонува сунитското малцинство. Тие бараат ослободување на затворениците и реформа на анти - терористички закон.
XS
SM
MD
LG