Достапни линкови

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ - ви понудивме фер предлог


СДСМ во одговорот на реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на прес - конференцијата на Бранко Црвенковски се заблагодаруваат за понудата и потсетуваат дека „нивниот последен конструктивен предлог е ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција Сојуз за иднината освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29-ти септември“.
Според СДСМ, тоа е предлог кој е повеќе од фер.
„Бидејќи Никола Груевски постојано тврди дека е сигурен победник на престојните локални избори, никој не може да најде логично оправдување зошто упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните, а со тоа свесно инвестира во драматично продлабочување на политичката криза со крајно штетни последици за земјата, кои неминовно ќе одат исклучиво на негов товар“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Сојузот за иднината нема намера да тера инает и токму затоа предложи разумен план за излез од кризата, се вели во соопштението од СДСМ
XS
SM
MD
LG