Достапни линкови

Стотици повредени по падот на метеор во Русија


Руските власти соопштија дека повеќе од 500 луѓе побарале медицинска помош откако метеор експлодира на небото, предизвикувајќи голем ударен бран од кој беа искршени многу прозорци. Аматерски видеа покажуваат како метеорот минал низ долниот слој на атмосферата во источниот руски град Челјабинск. Дел од метеоритите паднале во слабо населена област на Урал. „Му благодариме на Господ што врз населените места не паднаа поголеми делови од распаднатиот метеор“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Министерството за итни случаи испрати илјадници луѓе за да им помогнат на повредените во оддалечените места.
XS
SM
MD
LG