Достапни линкови

Еврокомесарот Филе ја откажа посета на Македонија


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во денешното соопштение вели дека ја откажува посетата на Македонија, најавена за идната недела поради, како што вели, разочараноста што Македонија не успеала да стави крај на настанатата политичка криза. „Оваа четврта рунда од високиот дијалог ќе беше подготовка кон пролетниот Извештај на Комисијата, побаран од Советот во декември. Меѓутоа, во светлото на моменталната политичка ситуација не сметам дека мојата посета со намера да разговарам за актуелните прашања ќе биде соодветна во овој момент. Фрустриран сум од недостатокот на прогрес за да се стави крај на кризата“, се наведува во изјавата на еврокомесарот Филе во која се додава дека најважно е сега политичките лидери во Скопје да превземат одговорност и да најдат решение.
XS
SM
MD
LG