Достапни линкови

logo-print

Нема знаци за излез од политичката криза


Инсистирањето за одржување на вонредни парламентарни избори е потреба, а не политичка желба или инструмент за условување, вели Весна Бендевска од СДСМ.

Владејачката партија соопшти дека не прифаќа условувања, коалицискиот партнер во власта бара опозицијата да се врати во Собранието, додека од опозицијата велат дека по декемврискиот инцидент предвремените парламентарни избори се потреба, а не политичка желба.

Седум недели одржуваме граѓански парламент со народот што не поддржува. Игнорирањето на ваквата ситуација значи дека Груевски е подготвен на луда политичка авантура
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по одржаната седница на Извршниот комитет ја реафирмира одлуката дека „нема намера да дозволи со непринципиелни политики, со предизвикување на инциденти, пресметки и блокади да се реализираат политички условувања и уцени и да се диктираат политички настани базирани исклучиво на личните желби и интереси на еден човек.“

Инсистирањето за одржување на вонредни парламентарни избори не е политичка желба нити пак инструмент за условување, вели Весна Бендевска од СДСМ

„Туку е единствен излез од политичката криза во која не втурна Груевски и неговата желба по секоја цена, спротивно на уставот и закон, да се донесе крвав Буџет“, додава Бендевска.


Утре на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за локалните избори во март. Дали опозицијата сепак ќе предложи свои кандидати? Бендевска одговара:

Сметам дека опозициската СДСМ треба да го заврши бојкотот, час поскоро да се врати во собранието и да учествува на локалните избори
„Седум недели одржуваме граѓански парламент со народот што не поддржува. Игнорирањето на ваквата ситуација значи дека Груевски е подготвен на луда политичка авантура која ќе ја внесе Македонија во несакани сценарија и единствен одговорен за тоа ќе биде Груевски. Дали ме прашувате без никаков договор - без да се постигне политички договор во кој ќе се согласат сите политички субјекти ќе се надмине ова? Тоа е навистина прашање кое само по себе го носи одговорот“.

Артан груби од ДУИ во неделното интервју за Радио Слободна Европа, вели дека политичката криза е загрижувачка.

„Сметам дека опозициската СДСМ треба да го заврши бојкотот, час поскоро да се врати во Собранието и да учествува на локалните избори. Само така ќе придонесе кон стабилноста на земјата во клучни мигови за иднината на оваа држава. Нас не чека извештај од господинот Санино кон крајот на април оваа година. Македонија е пред битна одлука. Затоа сметам дека СДСМ треба да се однесува државнички и да ја прифати својата одговорност – да стане дел од целиот овој процес“. додава Груби.
XS
SM
MD
LG