Достапни линкови

Тачи - Пет години независно Косово, пет години успех


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Независноста на Косово испрати добра порака дека ова е земја на мир и соживот, но истовремено е и одраз на регионалната соработка и на европската перспектива за целиот регион. Ова го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи по повод пет годишнината од независноста на Косово која ќе се одбележи на 17 овој месец. Според него, сега главно е решавањето на ситуацијата на северот на Косово.

Граѓаните на северот на Косово 13 години беа мамени од Белград со барањата за поделба на Косово. Сега владата на Косово има обврска таа измама да ја претвори во надеж за да се интегрираат во новиот демократски живот, вели косовскиот премиер Хашим Тачи во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Пред состанокот на премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи и еврокомесарот Кетрин Ештон во Брисел

Пред состанокот на премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи и еврокомесарот Кетрин Ештон во Брисел


Тој додава дека главен придонес во тоа треба да имаат неговите состаноци со српскиот премиер Ивица Дачиќ што се водат со посредство на Европската унија.

„Очекувам интензивирање на овој процес што ќе донесе резултати со цел и дефинитивно да дојде до нормализација на ситуацијата на северот на Митровица и до гаснење на безбедносните структури на Србија во тој дел. За тоа директно е одговорен премиерот на Србија Дачиќ. Од наша страна ќе претставиме позитивна понуда за Србите на северот за да се интегрираат во новиот косовски живот.“
Ние бевме третирани како граѓани од втор ред во поранешна Југославија, но не сакам да верувам дека такво нешто може да ни се случи и во Европската унија. Ние сме околу два милиона граѓани, ние сме најмлади европејци, ја признаваме и ја разбираме Европа, но неправедно доцниме во врска со слободното движење во земјите на Унијата.

Според Хашим Тачи, состојбата на северот се разликува од преостанатиот дел на Косово и затоа бара брзо решение.

„Косово е едно и единствено и затоа ние поддржуваме само процеси на интеграција, а не и на некаква изолација“ наведува тој, додавајќи дека пет години по прогласувањето независност, Косово е признато од околу 100 земји, стана членка на многу меѓународни и регионални институции, а секоја година постигнува економски раст од 4 насто.

„Овие пет години беа години на успех, што го оценија граѓаните, но и меѓународната заедница. Најдобар пример за тоа е завршувањето на надгледуваната независност. Секако дека е неопходна натамошна работа, на економски план, но и во сферата на владеењето на правото и во борбата против организираниот криминал и корупцијата.“

Деновиве, делегација на Европската комисија оцени дека токму ограничениот косовски капацитет во борбата против криминалот и корупцијата е една од главните пречки за либерализација на визниот режим за косовските граѓани.

Според Хашим Тачи, доцнењето во овој процес нема технички, туку политички причини и тоа во Брисел, бидејќи не постои единство меѓу членките за статусот на Косово.

„Ние бевме третирани како граѓани од втор ред во поранешна Југославија, но не сакам да верувам дека такво нешто може да ни се случи и во Европската унија. Ние сме околу два милиона граѓани, ние сме најмлади Европјани, ја признаваме и ја разбираме Европа, но неправедно доцниме во врска со слободното движење во земјите на Унијата. Во рекорден рок ги спроведовме потребните стандарди во однос на другите земји кои го минаа истиот тој процес“, вели косовскиот премиер Хашим Тачи во интервјуто за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG