Достапни линкови

Ирак го ослободи притворениот француски новинар


По една недела притвор, Ирак го ослободи францускиот новинар и неговиот преведувач за неовластено фотографирање. Ослободувањето на Надир Дендуан го обезбедија француски дипломати преку министерството за надворешни работи. Дендуан и неговиот преведувач беа уапсени на 23 јануари за наводно фотографирање на објекти со ограничена безбедност без потребните дозволи. Претходно, комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк го повика Багдад да го ослободи притворениот новинар.
XS
SM
MD
LG