Достапни линкови

Дневен печат - Цел Брисел во Скопје


Известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит.

Известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит.

Весниците пишуваат за посетата на Скопје од европарламентарци и еврокомесари, како и за политичката тензија, беспарицата, претстојните избори и за Деловникот.

Додека двете најголеми партии не ја стивнуваат политичката тензијата, а народот е бомбардиран со информации дали ќе има вакви со онакви избори, но и се бори со беспарицата, „ММФ со засилен мониторинг ќе ги контролира долговите на Македонија бидејќи земјава има значаен долг кон Фондот“, објави Дневник.
Утрински истата одлука на Бордот директори ја објавува со наслов: „ММФ сака да ја има Македонија на око“.
Европарламентарците се од сродните на ВМРО-ДПМНЕ народни десни партии и воопшто не се сретнале со опозицијата, туку само со власта.

Еден куп европарламентарци и еврокомесари, нивни заменици, цел Брисел во Скопје, плус „невидливиот Санино“, како што насловува Утрински.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ховит вели, „Сликата за Македонија е усложнета“, пренесува Утрински, а Дневник во наслов ја става неговата порака: „Владата и опозицијата да го обноват дијалогот“.

Предлогот за измени на Деловникот без консензус наиде на отпор само од единствената опозиција во Собранието, ДПА и НДП.
Утрински појаснува дека европарламентарците биле од сродните на ВМРО-ДПМНЕ народни десни партии и воопшто не се сретнале со опозицијата, туку само со власта.

Вечер е заинтересиран за тоа „Што му шепнале дипломатите на Бранко“, па констатира: „Остануваат на ултиматумот, локални само заедно со парламентарни“. „СДСМ вели НЕ“, пренесува Утрински по одлуката на партиското раководство да не учествува на локалните избори и додава дека сите надежи сега се свртени кон еврокомесарот за проширување Филе кој следната недела повторно доаѓа во Скопје.

Сите весници ја објавија изјавата на Груевски дека не постои договор за предвремени парламентарни и неговиот повик до Црвенковски да се соочат на локалните избори на 24 март. Утрински ја загатнува темата колкав треба да е одзивот за изборите да бидат не само легални, туку и легитимни.

Само Утрински забележал дека отпорот на Здружената опозиција добил мултиетничка димензија - меѓу граѓаните кои протестираа во саботата имаше и Албанци, Роми, Турци, Бошњаци и Срби, пишува весникот.

Инаку, донесувањето на новиот собраниски деловник без консултации со опозицијата исто така е топ тема во весниците. „Предлогот за измени на Деловникот без консензус наиде на отпор само од единствената опозиција во Собранието, ДПА и НДП“, забележува Дневник.

„Деловникот помина без амандмани“, резервирано насловува Вечер. Утрински ја дополнува оваа информација дека претседателот на Комисијата за деловнички прашања, Александар Николовски, немал коментар на препораките од ЕУ дека Деловникот треба да се носи заедно со опозицијата и со поширок консензус. Нова Македонија ја интересира дали со повторното отворање на амбасада на Иран во Скопје, Иран ќе ни продава енергија или ќе ја извезува исламската револуција.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG