Достапни линкови

„Тајни“ тендери за јавни набавки


Во речиси половина од мониторираните постапки, институциите на локално ниво не ја објавиле тендерската документација на Електронскиот систем за јавни набавки, покажува мониторингот на Центарот за граѓански комуникации.

Високо поставените критериуми за учество и неодржувањето на електронска аукција се само дел од проблемите забележани во последниот мониторинг на јавните набавки на локално ниво кој го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Е сега да Ви кажам за тие една третина што се случило: Во 60 проценти од нив имало само еден понудувач, 30 проценти се поништени, а е-аукција немало во 90 проценти од овие една третина.

Поставувањето на услов за учество на тендер 115 пати повисок од обрт - вредноста на набавката е само еден од забележаните примери на поставување на високи критериуми за учество на тендер. Понатаму, на тендер за изградба на паркинг простор од фирмите кандидати се барало во последните 3 години да имаат обрт од повеќе од половина милион евра.

Претседателот на Центарот Герман Филков, вели дека високите критериуми се забележани во една третина од мониторираните постапки:

„Е сега да Ви кажам за тие една третина што се случило: Во 60 проценти од нив имало само еден понудувач, 30 проценти се поништени, а е-аукција немало во 90 проценти од овие една третина. Тоа ја намалува конкуренцијата. Зошто е таа битна? Конкуренцијата е единствена која што обезбедува висок квалитет и пониски цени на купените производи.“

Во мониторингот се забележува дека транспарентноста и отчетноста се уште претставуваат проблем. Во речиси половина од мониторираните постапки (45%) институциите на локално ниво не ја објавиле тендерската документација на Електронскиот систем за јавни набавки, од каде што заинтересираните понудувачи можат да ја симнат и да ја разгледаат, пред да решат дали да учествуваат на тендерот.

Се настојува на секој начин да се обезбеди нетранспарентност за позадински да се договараат, за да се трошат повеќе сретства за набавки и за набавките постојано да одат кај исти дибавувачи...
Транспарентноста и отчетноста дел се предвидени со закон а дел од институциите треба сами да ги практикуваат, вели Филков

„Меѓутоа, и законот се изигрува и ја нема таа добра практика на институциите сами да бидат транспарентни и отчетни. А зошто треба да бидат? Трошат туѓи пари и мора на тие што им ги трошат парите - на граѓаните, да им кажат како им се потрошени парите“.

Потенцијалот за корупција е можна причина за нетранспарентноста на процесот на јавни набавки, вели Слаѓана Тасева од Трансапренси Интернешнл Македонија.

„Значи се настојува на секој начин да се обезбеди нетранспарентност за позадински да се договараат, за да се трошат повеќе сретства за набавки и за набавките постојано да одат кај исти дибавувачи. Ние не можеме да дознаеме колку пари се трошат за набавките и кој ги добива тие сретства“.

Со мониторингот на Центарот за граѓански комуникации е забележан понизок степен на поништени постапки во споредба со поништувањата на национално ниво.

„Сепак, анализата на поништувањата упатува на заклучоци дека не секогаш станува збор за крајна и единствено применлива солуција, туку дека на поништувањата сè уште се гледа како на лесна можност кон која може да се прибегне секогаш кога нема да се оствари некоја математика“, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG