Достапни линкови

Опозицијата ги става личните пред европската агенда


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Сметам дека имаме причина да бидеме загрижени, особено со оглед на фактот дека најголемата опозициска партија не испрати порака дека ја става европската агенда на земјата на повисоко ниво отколку личните агенди и аспирации. Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со писмото од меѓународната заедница во кое се изразува загриженост за состојбата во земјата. Според него, пораките се јасни и тие не оправдуваат бојкот на локалните избори. Тој рече дека треба да бидеме загрижени бидејќи се работи за загрозување на нашата европска агенда поради неодговорно однесување, но смета дека секој треба да ја сноси одговорноста за тоа како се однесува и дали е во согласност со тоа што е воспоставена европска норма.
XS
SM
MD
LG