Достапни линкови

Американ Ерлајнс станува најголема авиокомпанија во светот


Авиони на Американ Ерлајнс на меѓународниот аеродром во Мајами.

Авиони на Американ Ерлајнс на меѓународниот аеродром во Мајами.

Американ Ерлајнс и УС Ервејс соопштија дека се спојуваат и со тоа ја создаваат најголемата авиокомпанија во светот според обемот на воздушен сообраќај. Според договорот што беше објавен денеска, новата компанија, што ќе го задржи називот Американ Ерлајнс има вредност од околу 11 милијарди долари. Американ Ерлајнс отиде под стечај кон крајот на 2011 година, но продолжи со работа за да овозможи реорганизација на долгот. Според договорот за спојување, доверителите на Американ Ерлајнс ќе поседуваат 72 отсто од акциите на новата компанија. Останатите акции се во сопственост на досегашните акционери на УС Ервејс. Новата авиокомпанија е за два проценти поголема од досега најголемата Јунајтед континентал холдингс. За да стане важечки, договорот мора да биде одобрен од стечајниот суд и од антимонополските регулатори.
XS
SM
MD
LG