Достапни линкови

Македонија станува сообраќаен слеп колосек


Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на нов пат во Македонски Брод.

Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на нов пат во Македонски Брод.

Според податоците од Евростат, Македонија во изминатите 20 години изградила 150 километри автопат, за разлика од Албанија, каде за само три години биле направени двојно повеќе. Поради лошите патишта земјава може да ја изгуби предноста која ја има со централната географска позиција на Балканот.

Соседите не само што повеќе инвестираат во автопати и инфраструктура туку и ќе не заобиколат доколку земјава не успее да се поврзе со клучните магистрали, забележуваат упатените и бизнисмените.
Државата, досега, односно владата покажува дека преку тие политики на емоции на луѓето, прво се билда рејтингот на партијата па после се размислува за државата. Јас мислам дека тоа покажува колку е партизирана владината политика, затоа што тие одат по краткорочни бенифиции.

Според податоците од Евростат, Македонија во изминатите 20 години изградила 150 километри автопат, за разлика Албанија, каде за само три години биле направени двојно повеќе. Пред нас е и Хрватска - една од европските земји со најмногу изградени автопати, а Косово најави изградба на автопат до македонската граница во вредност од една милијарда евра.

Во вакви услови земјава може да ја изгуби предноста која ја има со централната географска позиција на Балканот, смета економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Другите држави градат автопатишта, стануваат се поатрактивни и поатрактивни за странските инвеститори коишто сакаат пристап или сакаат што побрз пристап до репроматријали и до финалите пазари.“
Иако по природен пат треба Македонија да биде центарот на раскрсницата на Балканот, но со оглед на нашето неинвестирање или споро инвестирање или декларативно инвестирање, прават времето да поминува, а соседните земји тоа го користат и нормало си прават свои мрежи.

Изградбата на автопатишта претставува голема инвестиција, вели Адеми. Но зошто изградбата заостанува, а во последно време се отвораат повеќе регионални патишта?

„Државата, досега, односно владата покажува дека преку тие политики на емоции на луѓето, прво се билда рејтингот на партијата па после се размислува за државата. Јас мислам дека тоа покажува колку е партизирана владината политика, затоа што тие одат по краткорочни бенифиции.“

Цената за лошите патишта ја плаќаат компаниите, појаснува Александар Панов од „Макстил“.

„Мора патиштата север-југ и исток-запад да претрпат сериозни промени, за да направиме побрз проток на капиталот, полесен, поевтин и еколошки подобар, затоа што вака и возила се кршат и се е тоа на товар на компаниите.“

Можно е другите земји на Балканот да се обидат да ја заобиколат Македонија, вели Панов.

„Иако по природен пат треба Македонија да биде центарот на раскрсницата на Балканот, но со оглед на нашето неинвестирање или споро инвестирање или декларативно инвестирање, прават времето да поминува, а соседните земји тоа го користат и нормало си прават свои мрежи. И утре, задутре, добар дел од транспортот кој треба да поминува тука, ќе поминува таму. Поевтно, побрзо, подобри патишта, поголема заштита на возилата, сето тоа има економска оправданост тие што ги користат патиштата, да одат таму каде што имаат подобри услови.“

Се проценува дека од вкупната патна мрежа во Македонија, само 9 проценти се автопати.
XS
SM
MD
LG