Достапни линкови

logo-print

Груевски: Црвенковски нека излезе на изборен мегдан


Бранко Црвенковски ги лаже луѓето околу него дека ќе дошле од меѓународната заедница и ќе не убедувале да приfатиме договор за предвремени парламентарни избори. „Договoр за предвремени избори со Бранко нема да има, ни утре, ни задутре, ни во сабота, ни потоа“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски синоќа во Прилеп.
Груевски порача дека ако сака Црвенковски да излезе на мегдан со ВМРО-ДПМНЕ, има можност на 24 март да излезе со свои кандидати. - „Ако можат нека подготват некоја програма, па да видиме народот на кого ќе му ја даде поддршката. Нека не се кријат, да не бегаат од народот кој знае дека ова беше исценирано само од Бранко Црвенковски, на штета на СДСМ“, порача премиерот.
XS
SM
MD
LG