Достапни линкови

Од дијалогот Приштина- Белград корист ќе имаа целиот регион


Од дијалогот меѓу Приштина и Белград полза ќе имаат сите граѓани на Косово и целиот регион, оцени претседателот на САД, Барак Обама во телеграмата со која на косовскиот претседател Атифете Јахјага и ја честиташа петгодишнината од независноста на Косово.
Во неа се истакнува дека Косово постигна напредок во консолидирањето на демократските институции, зацврстувањето на правниот поредок и економијата и развојот на толерантна мултинационална држава. Исто така, е постигнат напредок во дијалогот со Србија, што води напред кон нормализирање на односите и од кој полза ќе имаат сите граѓани на Косово, Вашите соседи и целиот регион, пишува во телеграмата на претседателот на САД до претседателот на Косово Атифете Јахјага.
XS
SM
MD
LG