Достапни линкови

logo-print

Параолимпиецот Писториус ја уби својата девојка


Медиумите во Јужна Африка јавија дека освојувачот на златната медала на пара-олимписките игри Оскар Писториус познат како "Blade Runner," ја застрелал својата девојка. Според локално радио,Писториус ја застрелал девојката во главата и вратот и неофицијално се смета дека мислел дека таа е крадец. Писториус стана славен како тркач со карбон фибер протези поставени под неговите колена.
Полицијата го потврди апсењето.Тој освои златна медала на 4 по 400 метра на пара олимпијадата во Лондон лани и три златни на птретходната Олимипијада во 2008 во Пекинг, како и една претходно во Атина во 2004.
Тој влезе во историјата и како прв тркач кој со ампутирани нозе се натпреваруваше и на нормалната Олимпијада во Лондон на која не освои медаља.
XS
SM
MD
LG