Достапни линкови

Борислав Јовиќ предлага историски компромис меѓу Србите и Албанците


Борислав Јовиќ

Борислав Јовиќ

Поранешниот претседател на Претседателството на СФР Југославија и некогашен соработник на Слободан Милошевиќ, Борислав Јовиќ смета дека Србија треба да ја дополни Платформата и Резолуцијата за Косово, со неколку конкретни барања што би довело до компромисно решение за косовскиот проблем.
Според Јовиќ, треба да се бара обезбедување средства од меѓунардоната заедница за „траен опстанок“ на околу 200.000 косовски бегалци, имајќи предвид дека има мали шанси за нивно враќање во Косово, како и склучување на посебен договор за северно Косово, со што „како што Србија би прифатила дека косовските Албанци сакаат да управуваат сами со себе, така и тие би требале да ја прифатат истата желба на Србите од северот“.
Јовиќ смета дека со компромисот би требало да се гарантираат правата на Србите на Косово, да се обебзеди автономија за српските манастири, да и се овозможи на Србија да го користи косовскиот лигнит и да се добие целосна гаранција на имотните права на физичките и правните лица.
Според Јовиќ, со слични предлози би требало да излезат и косовските Албанци, по што би се пристапило кон изнаоѓање компромис.
XS
SM
MD
LG