Достапни линкови

Бериша повторно ќе коалицира со партијата на Илир Мета


Лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета.

Лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета.

Владејачката демократска партија на албанскиот премиер Сали Бериша, ќе коалицира со партијата Движење за социјалистичка интеграција на Илир Мета. Ова го соопшти Астрит Патози, координатор на пратеничката група на Демократската партија, додавајќи дека е сè уште рано да се каже дали коалицијата ќе биде пред парламентарните избори закажани за 23 јуни. По победата на изборите во 2005 година, немајќи мнозинство во Парламентот, демократите на Бериша формираа коалициска влада со партијата на Мета, со што за првпат Албанија доби десно-левичарска влада.
XS
SM
MD
LG