Достапни линкови

Власта не сака евтина струја преку ден


Со 49 гласа „за“, 4 „против“ и 11 „воздржани“, пратениците во Собранието гласаа да се отфрли иницијативата на граѓанското здружение „АМАН“, со која се бараа измени во Законот за енергетика, односно враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и укинување на плаќањето на сметки за парно за граѓаните кои се исклучиле од мрежата. Против иницијативата на АМАН беа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците од ДУИ гласаа воздржано, а поддршка на иницијативата и дадоа пратениците од ДПА и од НДП. Коалицијата предводена од СДСМ ја бојкотира работата на Собранието.
XS
SM
MD
LG